Макфол: САД не планираат бојкот на Олимпијадата во Сочи

Соединетите Американски Држави не планираат бојкот на Олимпијадата во Сочи и понатамошно влошување на односите меѓу САД и Русија, изјави амбасадорот на САД во Русија, Мајкл Макфол во интервју за телевизискиот канал „Дожд“.

Според зборовите на Макфол, САД „нема да поддржат никакви акции на бојкот, бидејќи ние сметаме дека нашите спортисти не треба да бидат жртви на политиката“. Дипломатот забележа дека таквото мислење го поддржува и Барак Обама.

Претходно Макфол призна дека имиџот на САД забележително е влошен поради возможната воена операција во Сирија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња