Расте негативното мислење за Русија во странство

Русија добива сѐ полоша слика меѓу граѓаните на другите држави. Земјата најмногу не е сакана во Израел (77% негативни оценки), Јордан (70%), Турција (66%), Франција, Јапонија и Египет (по 64%).

Русија добива сѐ полоша слика меѓу граѓаните на другите држави. Земјата најмногу не е сакана во Израел (77% негативни оценки), Јордан (70%), Турција (66%), Франција, Јапонија и Египет (по 64%).

За ова сведочат резултатите на анкетата на центарот Pew Research.

Вкупно земено, 39% од жителите на планетата имаат негативно мислење за Русија, додека најпозитивно мислење има Грција (63%) и Јужна Кореја (53%).

Во САД ситуацијата стои вака: 43% од Американците имаат негативно мислење за Русија, додека 37% имаат позитивно мислење. Европските држави, и покрај географската блискост, немаат позитивно мислење: повеќе од половина од населението на Германија, Италија и Полска нема позитивни асоцијации со Русија.

Анкетата потврдува дека во последниве неколку години имиџот на Русија се влошил. Во Државната Дума тоа го оправдуваат со „разликите во вредностите“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.