Свечено е откриен споменик на најмладиот добитник на Орденот за храброст во Русија

Во подмосковскиот град Ногинск свечено е откриен споменик на седмогодишниот Евгениј Табаков, кој пред пет години трагично настрада бранејќи ја својата 12-годишна сестра од напаѓачи.

Во подмосковскиот град Ногинск свечено е откриен споменик на седмогодишниот Евгениј Табаков, кој пред пет години трагично настрада бранејќи ја својата 12-годишна сестра од напаѓачи.

Детето загина на 28 ноември 2008 година, кога 34-годишен поранешен осуденик влегов во станот во кој Евгениј и неговата сестра живееле и побарал од нив пари и драгоцености. Кога двајцата рекле дека не знаат каде се наоѓаат парите, криминалецот се обидел да го силува девојчето. Евгениј ја спасил својата сестра откако го нападнал провалникот со кујнски нож, но притоа самиот трагично настрадал, добивајќи осум убодни рани.

Ова храбро момче е одликувано постхумно со Орденот за храброст, со што станал најмладиот државјанин на Русија кој го има добиено ова високо државно признание. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.