Обама лично го замоли Путин да го поддржи бомбардирањето на Сирија

Претседателот на САД, Барак Обама, побара од Владимир Путин да го поддржи Вашингтон во врска со сириското прашање.

Претседателот на САД, Барак Обама, побара од Владимир Путин да го поддржи Вашингтон во врска со сириското прашање.

„Јас директно барам од него да нѐ послуша, но тој засега не ги поддржува напорите за постигнување согласност во СБ во ООН за извршување на операцијата во Сирија“, изјави американскиот претседател во Стокхолм.

Обама останува на надежта дека Путин „може да ја измени својата позиција за многу прашања“ за сирискиот проблем.

Американскиот претседател и понатаму изјавува дека за августовскиот напад во Сирија виновен е Башар Асад. Според него, дејствијата на сириските власти се тест за трпението на светската заедница.

„Под удар сега не е само мојата репутација, туку и репутацијата на светската заедница, довербата кон Америка“, изјави Обама. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.