Трговската размена меѓу Русија и Кина во оваа година ќе изнесува не помалку од 88,1 милијарда долари и покрај намалувањето на нивото на трговија во првите шест месеци. Ова го пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на заменикот-министер при МНР на Кина, Чен Гопин.
Според мислењето на чиновникот, развојот на трговијата ќе порасне на сметка на реализацијата на големите стратешки проекти меѓу двете држави, особено во областа на нафтата и гасот.
Тој додаде дека во 2015 година возможно е трговската размена меѓу Кина и Русија да се зголеми до 100 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче