Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Барак Обама ќе се сретнат на самитот на Г-20 во Санкт Петербург, но сѐ уште не се знае за каков вид средба ќе стане збор, изјави Џеј Карни, претставник на Белата куќа.
„Домаќин е Русија, а самитот на Г-20 ќе се одржи во Санкт Петербург. Секако дека ќе одржи средба“, изјави Карни.
Претставникот на Белата куќа не појасни за каков вид средба ќе стане збор. Претходно тој истакна дека не се во план билатерални преговори.
Самитот Г-20 ќе се одржи во Санкт Петербург на 5 и 6 септември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче