Министерството за трговија и индустрија на Руската Федерација за потребите на руската индустрија за одбрана нарача фарба која е отпорна на топлина и која може да издржи температура до 200 степени Целзиусови во период од 100 часа - на пример, во вселената или кај млазните мотори. Нејзиниот рок на употреба е 15 години. Работата над оваа фарба е започната на Серускиот научноистражувачки институт за авиоматеријали.
Новата фарба ќе се произведува во вид на маскирен емајл под шифрата „Гиацинт“ и ќе се користи во воздухопловството, вселенската индустрија и морнарицата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче