Претседателот на Јужна Осетија: „Наскоро ќе не признаат уште неколку земји“

Во Јужна Осетија продолжува работата околу јакнењето на меѓународната позиција на оваа земја.

Во Јужна Осетија продолжува работата околу јакнењето на меѓународната позиција на оваа земја. Ова на 23 август на конференција за новинарите во Москва го изјави претседателот на Република Јужна Осетија, Леонид Тибилов, одговарајќи на прашањето на новинарите од РЕГНУМ за можноста за признавање на државата од други земји.

Тибилов ја потсети јавноста дека Јужна Осетија досега е призната од Русија, Венецуела, Никарагва, Вануату, Науру и Тувалу. Министерството за надворешни работи на оваа земја заедно со дипломатските претставништва ќе ја продолжи работата во овој правец и наскоро ќе објави и за други земји кои ќе ја признаат оваа земја, изјави Тибилов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.