Позитивни вести од членството на Русија во Светската трговска организација доаѓаат само од големите трговци, изјавија експертите во агенцијата Moody's.
Надежите на извозниците не се оправдаа - против руските компании сѐ уште постојат околу 100 ограничувања. Најмногу од членството во СТО настрадаа земјоделието и лесната индустрија.
Според мислењето на експертите на Moody's, ќе бидат потребни од 3 до 5 години за да се обезбеди полесен пристап на руските компании на странските пазари и унификација на законодавството.
Русија стана член на СТО на 22 август во 2012 година, после 18 години преговори.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.