Претседателот на Русија, Владимир Путин, предложи да се создадат привлечни услови за приватните инвеститори кои се подготвени да ги развиваат пристаништата, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјавата на шефот на државата.
„Владата треба да се погрижи различните бизниси да чувствуваат увереност кога државата сака да помогне, а со тоа да ги хармонизираат односите меѓу себе“, изјави Путин.
Тој уточни дека станува збор за минимизирање на административните и комерцијалните ризици, за ефективните инструменти за самофинансирање.
Исто така Путин предложи да се направат тарифите на руските пристаништа попривлечни, со што ќе се зголеми нивото на логистичкиот сервис. Според неговите зборови, руските транспортни претпријатија ги користат услугите на странските компании поради неразвиената руска логистика и големите тарифи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче