Анкета: сѐ помалку Руси ги осудуваат тие кои не плаќаат даноци

„Ако даночниот обврзник погледне дека има добри патишта, квалитетна медицина, тој веднаш знае на што се трошат неговите даноци“, кажува Косталгин.

Се зголеми бројот на Русите кои сметаат дека е нормално да не се плаќаат даноци, сведочат податоците од анкетата на аналитичкиот центар „Левада“.

Во последниве четири години е зголемен бројот на тие кои дозволуваат скривање на дел од приходите за да не се плаќаат даноци - од 10 на 16%. А тие кои сметаат дека неплаќањето даноци е лошо - нивниот број е двојно помал од порано.

Во 2000 година 41% од луѓето сметале дека неплаќањето даноци е за осуда, но во 2013 година само 30% го сметаат истото. Русите сѐ повеќе ги толерираат тие кои не плаќаат даноци.

За да плати данок, даночниот обврзник сака да знае како се трошат неговите пари, како и да знае дека законот е ист за сите, изјави за Business FM, Дмитриј Косталгин, соработник во Taxadvisor.

„Ако даночниот обврзник погледне дека има добри патишта, квалитетна медицина, тој веднаш знае на што се трошат неговите даноци“, кажува Косталгин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.