Сноуден може да добие руско државјанство

Во меѓувреме нему му предлагаат работа во руските IT-компании.

Поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, кој неодамна доби политички азил во Русија, за неколку години може да поднесе документи за добивање државјанство по упростена постапка, како и да се вработи во органите на државната власт.

„Статусот на бегалец или привремен престој се зема предвид при добивање на руско државјанство по упростена постапка“, пренесе за „Интерфакс“ шефот на Општествениот совет при Федералната служба за миграција (ФСМ), Владимир Волох. Сепак, тој подвлече дека Сноуден треба да живее во Русија неколку години за да добие државјанство.

Според Волох, со моменталниот негов статус Сноуден може да работи во Русија, но не во државните органи. Тие ограничувања ќе бидат симнати кога тој ќе добие руско државјанство.

Наскоро Сноуден може да ја прифати понудата за работа во социјалната мрежа Вконтакте како специјалист за заштита на комуникациите на корисниците, пренесе шефот на прес-службата на социјалната мрежа, Георгиј Лобушкин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња