МНР на Русија им советува на Русите да не патуваат во Египет

МНР на Русија им советува на граѓаните да се воздржат од патувањата во Египет.

МНР на Русија им советува на граѓаните да се воздржат од патувањата во Египет. „Судирите и нередите кои започнаа во главниот град брзо се шират и во другите градови и реони на Египет, вклучително и оние кои ги посетуваат туристите“, се кажува во изјавата на официјалниот претставник на министерството, Александар Лукашевич.

Според зборовите на дипломатот, внатрешниот конфликт во Египет е спроведен со раст на напрегнатоста и насилството. „Забележани се напади на екстремистите врз христијански храмови и џамии“, забележа Лукашевич.

Претходно е соопштено дека во Египет остануваат уште 50.000 Руси, од кои 25.000 се наоѓаат во Хургада. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња