Министерот за северните територии на Јапонија, Итита Јамамото во септември ќе ги посети островите Кунашир и Итурпул. Ова го пренесува NHK.
Неговата посета ќе се одржи во периодот од 19 до 23 септември. Таа посета ќе биде дел од програмата за безвизна размена за Јапонците кои заминале од Јужните Курили, и за сегашните жители на островите.
Јамамото ќе се запознае со инфраструктурата на островите и ќе се сретне со локалните жители.
Јужно-Курилските острови припаѓаат на Русија, иако Јапонија продолжува да ги смета за свои северни територии.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче