Лесните керамички плочки, создадени од нанопрашок од карбид на бор, во перспектива планирано е да се користат за создавање на заштитни елеци, заштита за техниката и други воени објекти. Новата технологија ја создава „Новосибирската електровакуумска фабрика ’Сојуз’“. Со неа ќе се овозможи намалување на тежината на оклопот, но во исто време и зголемување на ефективноста на заштитата.
„Оваа ефективност ги надминува сите современи нивоа на заштита за 5-6 пати, а цената за производство ќе виде за 15 до 25% пониска“, изјавија за „Известија“ претставници од претпријатието.
„Тоа е доста перспективен материјал и неговото создавање ќе биде од корист не само за Војската на Русија, туку и за полицијата и другите органи кои можат да ја искористат“, појасни Алексеј Филатов, експерт од антитерористичката група „Алфа“.
Практичното распространување на материјалите кои ќе го користат овој вид заштита е планирано за четвртиот квартал од 2015 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче