Официјално е основан концернот „Калашников“ пренесе на Твитер вицепремиерот на Руската Федерација, Дмитриј Рогозин. Претставувањето на концернот од страна на највисокото раководство на државата е планирано за 19 септември.
Рогозин есента во 2012 за прв пат зборуваше за создавањето на концерн кој би требал да ги обедини двете ижевски претпријатија „Ижмаш“ и „Ижмех“ под името „Калашников“. Неговата идеја ја поддржа претседателот Владимир Путин. Конструкторот Михаил Калашников, кој долго работел во „Ижмаш“, се согласи новиот концерн да го носи неговото име.
Со основањето на овој концерн ќе се постигне консолидација на трудот и намалувањето на трошоците, како и оптимизација на трошоците за логистика, транспорт и неопходна опрема и машини.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче