Министерството за образование во Русија ќе создаде затворена социјална мрежа за учителите

Министерството за образование и наука во Русија во 2014 година ќе активира серуска федерална социјална мрежа за учителите.

Министерството за образование и наука во Русија во 2014 година ќе активира серуска федерална социјална мрежа за учителите. Задача на проектот е да се обединат педагозите од целата држава во едно електронско пространство. Слични социјални мрежи веќе постојат во другите земји. Преку нив се комуницира со министерството за образование ан државата, се учествува во дебатите околу идните законодавни норми и други проекти.

Во Русија веќе постојат виртуелни заедници на учителите, но неопходно е да се создаде единствена мрежа која ќе помогне да се зголеми брзината на размена на податоци, како и да се зголеми бројот на луѓе кои ќе можат да комуницираат еден со друг околу различни идеи и предлози.

„Никакви тајни таму нема да бидат разгледувани. Постојат исти такви ресурси и за медицинските работници, каде за време на регистрацијата треба да се потврди својата професионална квалификација“, изјави Андреј Демидов, претседател на регионален синдикат на учителите. „...но ако некој сака да изнесе информација вон мрежата, тој тоа слободно може да го направи“.

Освен можноста за комуникација, во идната социјална мрежа ќе постои и „библиотечен медиацентар“. Во него ќе има информации за сите нови нормативи, барања и форми на обука поврзани со новиот закон „За образованието“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.