Полицијата во Русија на Олимпијадата ќе задржува само хомосексуалци-провокатори

Претставниците на полицијата во Сочи ќе задржуваат само проблематични хомосексуалци.

Во МВР на Русија изјавија дека соработниците на полицијата за време на Олимпијадата, како и „во секое друго време ќе работат во рамките на руското законодавство и според законот за заштита на децата од хомосексуалната пропаганда“, и нема да ги задржуваат хомосексуалците кои не го нарушуваат законот за геј-пропаганда.

Ова е објавено на интернет-страницата на МВР на Русија. Претходно беше соопштено дека некои претставници од западните држави поддржувале бојкот на Олимпијадата во Сочи поради „антигејскиот“ закон. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња