САД пратија список во Русија за посвоените деца

САД за прв пат испратија во Русија список кој содржи 60.000 имиња на деца кои се посвоени во американски семејства во изминатите години, пренесе ополномоштениот претставник за правата на децата во Русија, Павел Астахов.

„Во списокот има 61.625 деца. Тоа се оние кои се посвоени официјално, а има во САД и деца од Русија кои воопшто не се наоѓаат во списокот“, изјави Астахов за „Росијскаја газета“.

Тој изјави дека се најде 5 деца до Русија кои сѐ уште живеат во американски семејства, немајќи никаков решен статус.

„Размената на информации продолжува, и покрај забраната за посвојување деца од Русија во САД“, забележа Астахов

Кон крајот на минатата година претседателот на Русија, Владимир Путин го потпиша законот „Дима Јаковлев“, со кој им се забранува на Американците да посвојуваат руски деца. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња