Регистарските таблички во Русија ќе добијат микрочипови

Дмитриј Медведев им нареди на соодветните институции да подготват предлози за опремување на регистарските таблички во Русија со микрочипови. Ова е пренесено на интернет-страницата на владата.

Дмитриј Медведев им нареди на соодветните институции да подготват предлози за опремување на регистарските таблички во Русија со микрочипови. Ова е пренесено на интернет-страницата на владата.

„МВР на Русија, Минситерството за врски, Министерството за трговија, Министерството за финансии треба да изготват предлози за задолжително користење на микрочипови во регистарските таблички со технологија за радио-идентификација“, се кажува во соопштението.

Предлозите треба да бидат готови до 6 ноември.

Микрочиповите ќе дозволат автомобилот да биде идентификуван од страна на соодветни уреди дури и доколку табличките се извалкани и нечитливи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња