Руските научници создаваат вештачко човечко тело

Руските научници започнаа со создавање на протеза на целокупното човечко тело, изјави професорот на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“, Александар Каплан.

Руските научници започнаа со создавање на протеза на целокупното човечко тело, изјави професорот на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“, Александар Каплан.

„Ние сметаме дека создавањето на вештачко човечко тело не само што е возможно, туку тоа е дел од блиската иднина“, истакна Каплан.

Според зборовите на овој научник, уште сега се создаваат протези на делови од човековото тело кои по својата „функционалност“ многу малку се разликуваат од биолошките делови на човековото тело. „Се наоѓаме на чекор од создавање на вештачки човечки органи: срце, црн дроб, бубрези“, изјави Каплан. Според неговите зборови, можна е и протетика на одредени делови на мозокот, со што ќе им се овозможи на луѓето кои страдаат од нарушувања на мозочниот крвоток или кои доживеале мозочен удар да се вратат во нормален живот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.