СЦИОМ: Затворање на границите за емигрантите бара секој десетти Русин

Спречување на емиграцијата во државата бара секој десетти жител на Русија (10%).

Спречување на емиграцијата во државата бара секој десетти жител на Русија (10%), а повеќе од половина бараат засилување на миграциската политика,сведочат резултатите на најновата анкета на СЦИОМ, во која зедоа учество 1.600 луѓе од 130 населени места во Русија. Едвај секој дваесетти жител на Русија посакува неговата држава да има отворени граници за сите.

Во оваа година 83% од жителите на Русија бараат засилување на законите со цел да се запре емиграцијата во Русија од државите на ЗНД. Пред девет години тоа го посакувале само 70% од жителите. Негативно кон дојденците се однесуваат 74% од жителите, наспрема 68% пред пет години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња