Медведев: од влегувањето во НАТО Грузија нема да добие ништо

Премиерот на Русија во интервју за грузискиот канал „Рустави 2“ изјави дека влегувањето на Грузија во НАТО нема да ѝ даде никаква предност на земјата за развој, туку дополнително ќе создаде напрегнатост во односите со Русија, пренесува РИА Новости.

„Грузија нема да добие ништо како суверена држава, ами ќе создаде долговремен извор на напрегнатост меѓу нашите држави“, изјави Медведев.

Медведев подвлече дека напрегнатоста ќе се појави не поради конфликтот во 2008 година, туку поради „одбранбени причини“.

„Грузија ќе стане учесник на голема воено-политичка алијанса, која е веројатен противник при појава на одредени ситуации“, појасни претседателот на владата.

Претходно е соопштено дека НАТО ја поддржува политиката на Грузија во однос на Русија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.