Специјалниот претставник на премиерот на Грузија за прашања околу Русија, Зураб Абашидзе, смета дека во август 2008 година, за време на воениот конфликт со Јужна Осетија и Апхазија, грузиската страна допуштила драматични грешки, пренесува грузискиот портал „Грузија Online“, повикувајќи се на телеканалот „Рускави 2“.
„Нашата позиција е оваа - во 2008 година ние станавме жртва на агресија, но за жал, од нашата страна беа преземени неправилни чекори и беа допуштени драматични грешки“, изјави Абашидзе за „Рустави 2“.
Што се однесува до признавањето на Апхазија и Јужна Осетија од страна на Русија, Абашидзе изјави дека тоа е најтешкиот удар од случките во август 2008 година. „Многу ќе биде тешко да се реши ситуацијата околу тие територии“, изјави тој.
„Ние воопшто не очекувавме дека позицијата на Русија ќе се смени за 180 степени, но јас сметам дека чекор по чекор можеме да постигнеме резултати. Друг пат, друга алтернатива - не постои“, појасни тој.
Ноќта на 8 август 2008 година грузиската војска ја нападна Јужна Осетија. Тие уништија дел од главниот град Цхинвали. После неколку дена Русија се вклучи во воените дејства и ја повика Грузија за мир. После пет дена воени дејства руската армија ги истисна грузиските војници од регионот. Покасно Русија ја призна независноста на Јужна Осетија и Апхазија. Како одговор на тоа Тбилиси ги прекина дипломатските односи со Москва и ги прогласи двете републики за окупирани територии.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче