Медведев: „Западот се однесува како слон во стакларска работилница“

Дмитриј Медведев ги спореди активностите на некои западни земји во низа региони, како на пример - Блискиот Исток, со однесувањето на слон во стакларска работилница.

Дмитриј Медведев ги спореди активностите на некои западни земји во низа региони, како на пример - Блискиот Исток, со однесувањето на слон во стакларска работилница.

„Нашите западни партнери понекогаш се однесуваат како слон во стакларска работилница. Влегуваат, внатре сѐ рушат, а потоа не сфаќаат што треба да се прави со тоа. Јас понекогаш се чудам од нивните аналитичари и од неускладеноста на проектите кои ги реализираат преку своето раководство, како и со закаснатите резултати“, изјави Медведев, а пренесува РИА Новости.

„Ако зборуваме отворено, што доби арапскиот свет од арапската пролет? Слобода? Само делумно. Во повеќето држави имаме бескрајни судири пропратени со крвопролевање, сменување на режими и бескрајни немири. Затоа сега немам повеќе никакви илузии.“, смета тој.

Според зборовите на премиерот, под маската на борба за националните интереси, обезбедување на правото и слободата, создадена е насилна демонтажа на политичкиот систем на другите држави, најгрубо мешање во внатрешните работи и донесување на власт на погодниот политички режим. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња