Русите отсега ќе можат да се пожалат на својот работодавач преку Интернет

Роструд (Федерална служба за труд) започнува со интернет-сервис за жалби адресирани до Инспекторатот за труд, поврзани со незаконското отпуштање од работа, намалување или доцнење на платите.

Роструд (Федерална служба за труд) започнува со интернет-сервис за жалби адресирани до Инспекторатот за труд, поврзани со незаконското отпуштање од работа, намалување или доцнење на платите , пренесува „Прајм“, повикувајќи на изјавата на заменикот-раководител на Роструд, Михаил Иванков. „Електронскиот инспектор“ ќе им дозволи на работодавачите да се подготват за посетата на инспекцијата.

Електронскиот систем ќе даде можност да се поднесе жалба против работодавачот преку Интернет. Жалбата може да биде анонимна. Притоа, податоците од човекот кој ја напишал жалбата не подлежат на откривање. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.