Било какви дополнителни санкции на меѓународната заедница кон Иран само ќе ја влошат економската ситуација во државата, изјави за новинарите заменикот министер за надворешни работи на Русија, Генадиј Гатилов.
„Советот за Безбедност веќе донесе неколку резолуции со санкции кон Иран. Било кои дополнителни санкции ќе доведат до влошување на економската ситуација во Иран“, изјави Гатилов.
САД кои неодамна воведоа нови, дополнителни санкции против Техеран, се сомневаат дека Иран има намера да создаде нуклеарно оружје. Техеран тоа го негира и изјавува дека неговата нуклеарна програма има само мирни цели. Заедно со санкциите на ООН и другите меѓународни организации, САД се обидуваат со притисок да ја натераат државата да се откаже од нуклеарната програма.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче