Starbucks ќе отвори свои продавници во Сочи, Ростов-на-Дон и Краснодар во текот на следниве 12 месеци, изјави претставник на компанијата. „Југот на Русија е место кое динамично се развива и забележано е зголемување на побарувачката за квалитетно кафе“, изјави генералниот директор Моџатаба Акбари.
Сега, според зборовите на претставникот на компанијата, Starbucks бара простории каде ќе може да работат во тие градови.
Количеството на продавници кои ќе се отворат во јужните градови на Русија и инвестициите не се познати. Трошоците за отворање Starbucks се стандардни - 2.000 до 2.500 долари за 1 квадратен метар.
Starbucks за прв пат се најде на руска територија во 2007 година, настапувајќи заедно со кувајтската M.H. Alshaya. Во моментов во Русија постојат 60 кафеџилници на Starbucks. Сите од нив се во Санкт Петербург и Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче