Концертите на Мадона и Лејди Гага во Русија биле незаконски

Јавното обвинителство во Русија изјави дека организаторите на концертите на Мадона и Лејди Гага ги нарушиле миграциските и даночните закони, пренесува РИА Новости.

Јавното обвинителство во Русија изјави дека организаторите на концертите на Мадона и Лејди Гага ги нарушиле миграциските и даночните закони, пренесува РИА Новости. Според соопштението, за концертите на овие пејачки им биле дадени туристички визи, кои не им даваат на пејачките право да добијат хонорар за нивниот настап.

Иницијатор за оваа проверка е пратеникот Виталиј Милонов. Според неговите зборови, Мадона незаконски добила хонорар од 1,1 милион долари за својот настап во Санкт Петербург.

Како што пренесува Фонтаника.ру, организаторите на концертите на Мадона и Лејди Гага се обратиле во Министерството за култура за визна поддршка, при што навеле дека пејачките ќе престојуваат во Русија со цел - „културни врски“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња