Министерството за надворешни работи на Русија очекува да добие објаснување од Интерпол во врска со одбивањето за пронаоѓање и апсење на основачот и генерален директор на британскиот фонд „Hermitage Capital Management“, Вилијам Браудер, кој руските истражни органи го бараат поради сомнеж дека проневерил големи суми средства, пренесува РИА Новости.
Генералниот секретаријат на Интерпол на 26 јули потврди дека нема да посредува во барањето и апсењето на Браудер.
„Министерството за внатрешни работи на Русија и понатаму ја смета Интерпол за организација која не се раководи од политички одлуки и предубедувања, туку постапува исклучително во склад со меѓународното право и сопствените правила. Во таа смисла МВР на Русија очекува наскоро да добие исцрпно објаснување за ставот на генералниот секретаријат на Интерпол“, се пренесува во соопштението на МВР на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче