Институтот Пушкин доаѓа и во Европа

Институт за ширење на рускиот јазик и култура.

Руската влада оваа година , до крајот на август, ќе основа нов координациски орган – Совет за руски јазик, кој ќе се занимава со промоција на рускиот јазик и култура во странство. Во состав на советот ќе влезат преставници од  Државното собрание, Министерство за надворешни работи, Министерство за образование, Министерство за култура, научни, образовни, производствени и деловни организации, а на чело на советот ќе биде вицепремиерката Олга Голодев.

Една од најважните точки од концептот  ќе биде основање на мрежа на центарот на  Институтот Пушкин во поранешните земји на Советскиот Сојуз, повеќето држави од Европската Унија, САД, Кина, Јапонија и државите од Блискиот исток, вклучувајќи ги Сирија и Ирак (на листата на приоритети се околу 50 држави). Сите заинтересирани ќе можат да ја запознаат руската култура и традиција.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.