Путин го истакна професионализмот на офицерите кои учествуваа во најголемата воена вежба на Далечниот исток

Путин задоволен од вежбите.

Претседателот на РФ, Владимир Путин, го истакна професионализмот и енергичноста на руските офицери за време на големата воена вежба на Далечниот исток.

„Сакам лично да се заблагодарам на целокупниот состав на офицери и војници за покажаниот професионализам, упорност, тежнеење кон совршенство на сите нивоа од сложената воена организација“, рече главниот командант.

Ова воена вежба е најголема за целиот период по распадот на СССР. Во неа учестуваа 160.000 војници од различни видови војска.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња