Анжи заинтересиран за Чорлука

Анжи од Махачкал се приклучи во борбата за Ведран Чорлука.

Управата и тренерот Guus Hiddink и понатаму го бараат талентираниот одбранбен играч кој е во состојба да ги реши проблемите во одбраната. Неодамна почнаа да покажуваат интерес и за играчот од Локомотив и хрватската репрезентација – Ведран Чорлука.

Ведран Чорлука во моментот е многу баран на фудбалскиот пазар. Управата на Анжи ќе мора да се бори со ред европски клубови и петербуршкиот Зенит за превземање на хрватскиот дефанзивец. Официјалниот претставник на Ведран Чорлука го потврди интересот за својот клиент:

„Многу години Чорлука игра на високо ниво во секој клуб каде што бил“, рече Вуксан за Известиа. „Освен ова, тој е единствен играч. Не е ни малку чудно што за него покажуваат интерес големите европски клубови. Но, за сега не можам ништо да коментирам. Чорлука настапува за Локомотив и има договор со „железничарите“. Тешко е да се предвиде што може да се случи во текот на летото. Во современиот фудбал, се е можно.“

Инаку, Чорлука нема никакви поголеми проблеми во Локомотив. Незадоволителните резултати на клубот, смената на главниот тренер Славен Билиќ, и фактот дека „железничарите“ нема да настапуваат во еврокуповите наредната година, доведе до тоа да постои можност Чорлука да го промени клубот.

Локомотив тврди дека нема намера да го продаде Чорлука:

„Ведран е главен играч во нашиот тим и една од најважните алки“, изјави Кирил Котов, раководител на управата за селекција на Локомотив. „Не сакаме да се разделиме од него во догледно време, сметаме на него. Мислам дека така е најдобро за клубот, и за самиот фудбалер.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња