Сноуден останува во Русија

Во транзитната зона на московскиот аеродром „Шереметјево“ е завршен состанокот меѓу поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден и претставниците од организациите за заштита на човековите права и адвокатите. Сноуден изјави дека сака да остане во Русија.

„Можам да ја прифатам само руската понуда поради неможноста да заминам. Нема да преземам ниту да планирам активности кои можат да им нанесат штета на САД. Ја им сакам сѐ најдобро на Соединетите Американски Држави“, ги цитира „Взглјад“ зборовите на Сноуден. Тоа, впрочем, е условот кој Владимир Путин го постави на Сноуден за да добие политички азил на територијата на Русија.

Сноуден истакна дека ќе остане во Русија, но сепак сака да ги посети сите земји кои му понудија азил. Тој исто така изјави дека ги повикал претставниците на меѓународните организации и заштитници на човековите права да покренат петиција за немешање на САД и ЕУ во неговиот случај. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.