Финска нема да му даде на рускиот јазик официјален статус во земјата

Министерот за правда на Финска, Ана-Маја Хенриксон смета дека жителите во Финска кои зборуваат на руски јазик немаат посебна потреба и основи за да му се дава на рускиот јазик во Финска официјален статус.

Министерката позитивно го оценува процесот на преселување на Русите во Финска. Според нејзините зборови, општините каде живеат доста Руси би можеле да организираат курсеви по руски јазик.

„За да се направи тоа нема потреба од менување на законот за јазикот“, изјави министерката.

Според статистиката, во Финска има нешто повеќе од 60.000 жители кои зборуваат на руски, а повеќе од нив живеат во источниот делови на Хелсинки. Процентуално, „најруската“ општина во Финска е Виролахти, каде има 4,5% руска популација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.