УНИАН: Во трговијата со Русија „шегите“ завршија

Украинскиот весник УНИАН за трговската војна меѓу Украина и Русија.

Руската Федерација испрати во Светската трговска организација порака дека воведувањето на дополнителни давачки за автомобили од страна на Украина е дискриминација за руските произведувачи и дека му штети на рускиот извоз со суми до 330 милиони долари. Оваа порака е повод да се започнат преговори во рамките на СТО меѓу двата трговски партнера за разрешување на ситуацијата.

Сепак, Русите на преговори не нè покануваат, туку се стремат да ги компензираат загубите со „свои мерки“ – еднострано воведување на давачки за увоз на украински јаглен, чоколадо и стакло, без претходно да се разговара за процентните ставки, механизмите кои ќе функционираат, како и за адекватноста на заемните загуби.

Оваа решителност може едноставно ад се објасни – Москва го губи трпението чекајќи ја Украина за одговор во кој правец во геополитиката ќе се насочи.

Дополнителните давачки за увоз на автомобили не за прв пат се причина за претензии кон Украина. Во јуни Турција како резултат на реципрочни мерки се закани со 23% данок за увоз на украинските ореви. Но ова може да се претпостави дека е еден вид покана за дијалог, додека руската позиција личи повеќе ако елемент на притисок.

Особено се засилени тие сомнежи поради поканата да се приклучи Украина во Царинската унија.

Руските власти признаа дека Украина може слободно да избира дали ќе влезе во оваа унија, иако Амбасадорот на Русија во Украина повторно напомна дека идните перспективи и планови на Русија ќе бидат насочени врз основа на решението на Украина. А како поинаку да се сфати, кога лично Владимир Путин пред шест месеци ни даде до знаење: „Нашите украински колеги мислеа дека ние ќе се шегуваме, но сфатија дека тоа не се шеги“.

И навистина, нема ништо смешно овде. Веднаш откако Русите ќе ги реализираат своите економски закани, аналогно ќе реагираат и Белорусија и Казахстан, кои го сочинуваат рбетот на ЗНД, најголемиот трговски простор на Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња