Сириските бунтовници го обвинија Израел за уништување на склад со руските ракети „Јахонт“

Претставниците на Слободната сириска армија изјавија дека немаат никаква врска со експлозијата на воено-морската база во Сафир, каде е уништен склад со ракетите од руско производство „Јахонт“, а одговорноста за инцидентот ја префрлаат на израелската војска.

„Овој напад го извршија бунтовниците. Тоа беше или воздушен напад, или експлозија на ракети со голем домет, лансирани од Средоземното море“, објасни Касем Саденин, а пренесе порталот „Взглјад“.

Коментирајќи ја експлозијата, бунтовниците нагласуваат дека нејзината сила е преголема, и дека тие не располагаат со оружје кое може да нанесе таква штета. Меѓутоа, според нивните зборови, израелската армија располага со такви можности. Во Израел овие сомнежи ниту се потврдени, ниту негирани. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.