Медведев: во руските села станови ќе добијат 42.000 млади семејства

„Наша заедничка задача е да создадеме достоинствени услови за работа и живот во селата“, подвлече премиерот на Русија.

Во рамките на програмата за развој на селата во Русија од 2014-2017 година, станови или друг вид животен простор ќе добијат 42.000 млади семејства, пишува РИА Новости, повикувајќи се на изјавата на премиерот на Русија, Дмитриј Медведев за време на состанокот со владата.

Според неговите зборови, „се планира да бидат изградени 5 милиони и 400 илјади квадратни метри простор, од кои 3 милиони се предвидени за младите семејства и млади специјалисти“, изјави Медведев.

Според зборовите на Меведев - руското село е животно место за 37 милиони луѓе во Русија.

„Наша заедничка задача е да создадеме достоинствени услови за работа и живот во селата“, подвлече премиерот на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња