Ердоган, Мурси и Путин – три политички лидери на држави кои зад себе имаат богата историја и цивилизации и кои се судрија со барања за модернизација. И првите двајца треба да бидат сериозно обеспокоени.
Реџеп Ердоган, моменталниот премиер на Турција, донесе политичка стабилност и економски раст во земјата. Но населението малку поинаку ги восприема неговите политички чекори. Народот му соопшти јасно и гласно дека време е да се заврши со корупцијата и дека исламизацијата воопшто не е задолжителна за таа голема држава со голема и богата култура.
Мухамед Мурси дојде на власт демократски, веднаш после падот на режимот на Хосни Мубарак, авторитарен водач кој стана неиздржлив за народот кој чекаше раст и слобода во својата држава.
Владимир Путин минатата година повторно стана претседател на Русија. Судејќи по сè, кај него сè оди според планираното. После повторниот избор во 2012, Путин изјави дека ќе остане на тоа место до 2024 година, т.е. уште два мандата. Сметајќи го неговиот избор во 2000, тој ќе биде на власт 24 години. Ниту една демократија не може да си дозволи да остави политичар на власт толку долго.
Ќе може ли Русија, каде се случија толку промени од времето на падот на „железната завеса“, да избегне протести?
Нешто слично како случките во другите две земји може да се случи и во Русија. После парламентарните избори во 2011 година, кои, според мислењето на набљудувачите, поминаа со нарушувања, Путин критиката кон себе ја објаснуваше со народната поддршка. Сега гледаме мешавина на истите моменти кои доведоа до протестите во Турција и Египет.
- Централизација: познатата „вертикала на власта“, како што ја опишува Владимир Путин.
- Контрола над граѓанските институти: парламентот и судовите.
- Напади на слободното новинарство.
- Репресии против опозицијата, интелектуалците, правниците и независните новинари: од апсења па до заклучувања на поранешните раководители на нафтени компании.
Се разбира, владите на сите три држави се обидува да ја зацврсти својата власт, потпирајќи се на религијата и духовенството: Исламот во Турција и Египет, Православната Црква во Русија. Владимир Путин пред неколку дена го потпиша законот за казнување за „навреда на религиозните чувства“. Со тоа тој го легализираше притисокот врз богохулството.
Сепак, таа религиозно-политичка смеса не секогаш е гарант за спокојството, како што тоа се покажа во Египет и Турција.
Фактот што на улиците на Санкт Петербург или Москва нема случки како оние во Истанбул и Каиро имаат зад себе многу причини, но никако не е поврзано со тоа што во 2000 година рускиот претседател повторно ја дигна на нозе руската економија.
Првата причина – е демографската. Турското и египетското население е составено доминантно од млади луѓе кои одамна ги користат социјалните мрежи. Руското население старее.
Втората причина – е контролата. Сите кои се спротивставуваат или планираат да го направат тоа се контролирани и неретко плашени. Контролата над населението се појави уште за време на царскиот режим и продолжува до ден денешен.
И на крај третата причина – распадот на советската империја. Таа рана нема да се залечи, и Путин умешно игра на таа карта, изјавувајќи дека најголемата катастрофа на ХХ век е распадот на СССР.
Сè додека Европејците не се единствено во својот однос кон Русија, сè додека европските држави играат различни игри околу увозот на гас и нафта, рускиот претседател решително ќе се спротивставува на секоја критика на Ангела Меркел која се однесува на авторитарниот режим во Русија.
Тој може и да ги нервира Американците играјќи на картата на Едвард Сноуден, или пак околу системот за шпионажа Prism.
Но порано или покасно, рускиот народ ќе го постави прашањето за демократијата. Еднаш Путин изјави дека во Русија има „дамнешна традиција на силни цареви“ и тоа означува дека Русите генетски се програмирани да живеат под авторитарен режим.
Сепак, и покрај репутацијата на народ кој чезни по поранешната моќ, рускиот народ има многу богата и достоинствена култура. Затоа и русите, како и другите народи, имаат свои стремежи и желби кои некогаш сигурно ќе се остварат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче