WSJ: САД ги намалуваат воените трошоци, а Русија и Кина стануваат поагресивни

САД, судејќи по сѐ, ги намалува воените трошоци, а „сѐ посилните држави“ стануваат сѐ поагресивни, пишува The Wall Street Journal.

САД, судејќи по сѐ, ги намалува воените трошоци, а „сѐ посилните држави“ стануваат сѐ поагресивни, пишува The Wall Street Journal. Според мислењето на весникот, пред сѐ станува збор за Русија, Кина и Иран. Како што пишува изданието, тие држави сѐ почесто и почесто ги проверуваат американските сојузници во регионите како Јужно-Кинеското море и Грузија.

Покрај другото, тие го нарушуваат воздушното и морското пространство и вршат дипломатски притисок за да го оценат одговорот на американските партнери, се кажува во статијата. За САД тоа не е добро, забележуваат авторите и додаваат дека Вашингтон стратешки зависи од своите „мали“ сојузници.

Затоа, смета весникот, САД треба да создаде нова глобална стратегија, бидејќи партнерите на „првата линија на одбрана“ му се потребни на Вашингтон повеќе од било кога.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња