Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, наложи студентите од еден од петербуршките факултети кои по петти пат станаа светски прваци во програмирање - да се повикаат да работат во интересите на Вооружените сили на Русија.
„Денес слушнав на телевизија дека студентите од еден од петербуршките факултет по петти пат станале светски прваци во програмирање. Тие студенти треба да се пронајдат и со нив треба да се соработува, бидејќи нам ни се потребни“, ги пренесува РИА Новости зборовите на министерот.
Според зборовите на Шогју, Министерството за одбрана е подготвено на овие талентира луѓе да им ги пружи најдобрите услови за работа во научните единици чие формирање е во тек.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче