Отворањето на Универзијадата - претставување на историјата на Русија со силен национален колорит

Церемонијата на отворањето на XVII Светска летна Универзијада во Казањ се претвори во богата, колоритна и силна претстава за различните етапи од историјата на Русија, периодите на развој на литературата, културата, технологијата во државата.

Церемонијата на отворањето на XVII Светска летна Универзијада во Казањ се претвори во богата, колоритна и силна претстава за различните етапи од историјата на Русија, периодите на развој на литературата, културата, технологијата во државата.

Студентските игри започнаа ноќта во саботата во присуство на 45.000 гледачи во „Казањ-Арената“. Универзијадата свечено ја отвори претседателот на Русија, Владимир Путин.

Натпреварувања по 27 видови спортови, во кои ќе земат учество повеќе од 13 илјади спортисти од 162 држави, ќе донесат 351 медали. Планирано е Универзијадата да заврши на 17 јули.

Централната сцена на свеченоста од три страни беше опкружена со вода, што играше една од главните улоги во церемонијата, симболизирајќи ја најголемата река во Европа - Волга. Пред официјалниот почеток на празничната церемонија следеше театрална историско-етничка мистерија - 20-минутен приказ на претставниците од различните народи кои живеат во Русија.

Свечената парада на спортистите ја отвори делегацијата на Албанија, а најмногубројни беа екипите на САД, Кина, Канада, Бразил, Јапонија, и секако, Русија.

Неколку илјади спортисти од различни држави и континенти одеа во стадионот под музиката на „Лебедово езеро“, „Руслан и Људмила“, „Оревокршачка“, „Кармен“, „Половецките игри“ и др. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.