Медведев: до 2020 година не помалку од пет руски универзитети ќе се најдат меѓу 100 најдобри во светот

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев смета дека е сосема реално да се очекува влегување на барем пет руски универзитети во листата на 100 најдобри во светот, пренесува „Интерфакс“.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев смета дека е сосема реално да се очекува влегување на барем пет руски универзитети во листата на 100 најдобри во светот, пренесува „Интерфакс“.

„Ние пред себе поставивме амбициозна задача кои некои ја сметаат за нерешлива. Ние не мислиме така, и веќе во 2020 година можеме да очекуваме пет руски универзитети да се најдат меѓу 100-те најдобри во светот“, изјави Медведев.

Според неговите зборови, „решението на оваа задача е можно благодарејќи на традициите на нашите универзитети, традициите во нашето образование, како и светското искуство. Сето тоа сведочи дека ние можеме да ги постигнеме тие резултати“, забележа премиерот.

Медведев изјави дека Русија не ги апсолутизира рејтинзите, но „и не може да ги игнорира оценките кои се даваат во професионалната заедница“.

Претходно беше соопштено дека Министерството за наука ќе создаде алтернативен, руски рејтинг за светските универзитети.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.