Вицепремиерот Јуриј Бојко изјави дека Украина чека од Европската енергетска комисија објаснување во однос на изградбата на руски гасоводи кои ќе ја заобиколуваат Украина.
„Во тек е отворена дискусија со Европската енергетска комисија, и ние отворено бараме да знаеме од раководството на комисијата дали има двојни стандарди во однос на руските гасоводи кои се градат и ја заобиколуваат Украина, а се потпомогнати и од европските компании“, изјави Бојко.
Тој исто така забележа дека продолжува дијалогот меѓу Украина и ЕЕК по ова прашање, и изрази надеж дека наскоро истото ќе биде решено.
Претходно е соопштено дека Русија го потпиша договорот со Македонија за соработка при создавањето на крак од системот „Јужен тек“ за испорака на гас во републиката.
На 7 декември 2012 година претседателот Путин лично го означи почетокот на изградбата на морскиот дел од гасоводот „Јужен тек“, заобиколувајќи ја со тоа Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче