Сноуден се откажа од азилот во Русија

Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков изјави дека поранешниот соработник на ЦИА начелно изразил намера да остане во Русија, но покасно се откажал, пренесува „Газета.ру“.

Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков изјави дека поранешниот соработник на ЦИА начелно изразил намера да остане во Русија, но покасно се откажал, пренесува „Газета.ру“.

„Да, Сноуден покаса да остане во Русија, но откако го дозна ставот на претседателот Путин, тој се откажа од својата намера и молбата да добие можност да остане во Русија“, изјави Песков, истакнувајќи дека Сноуден веќе побарал политички азил во 15 земји.

Владимир Путин претходно изјави дека Сноуден мора да исполни еден услов доколку сака да остане во Русија - „мора да прекине со работата која е насочена кон нанесување штета на нашите американски партнери“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.