Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев побара да се формира владина комисија која ќе го истражува падот и причините кои доведоа до неуспешниот старт на ракетата-носач „Протон-М“ за време на лансирањето од космодромот „Бајконур“, пренесува РИА Новости.
Според зборовите на Медведев, во списокот на одговорни лица треба да се најде и раководството на „Роскосмос“. Наредбата за создавање на комисија за истрага на причините за падот на Протон-М премиерот му ја даде на Дмитриј Рогозин. Тој му нареди нему да се создадат мерки за засилување на контролата во космичката област за да се спречат во иднина слични несреќи како што е падот на „Протонот“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче