Влегувањето на Хрватска во ЕУ нема да влијае на договорите со Русија

Влегувањето на Хрватска во ЕУ од 1 јули нема да влијае на договорите кои веќе се потпишани со Русија, пренесува РИА Новости.

Влегувањето на Хрватска во ЕУ од 1 јули нема да влијае на договорите кои веќе се потпишани со Русија, пренесува РИА Новости.

„После влегувањето на Хрватска во ЕУ, само некои договори ќе бидат ставени на повторно разгледување, посебно тие кои се склучени меѓу Југославија и СССР во 70-те години, а кои се однесуваат на правилата за ветеринарна и фитосанитарна контрола“, изјави амбасадорот на Русија во Загреб, Роберт Маркарјан.

Според неговите зборови, најзабележителни промени за граѓаните на Русија после влегувањето на Хрватска во ЕУ ќе биде визниот режим за граѓаните на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња