Администрацијата на претседателот на САД, Барак Обама не е во состојба да влијае на Русија, Кина и на државите од Латинска Америка, пишува The New York Times. Како доказ за ова весникот ја пренесува историјата со Едвард Сноуден. Како што смета весникот, неспособноста на Вашингтон да влијае на држава која може да му обезбеди на програмерот безбедно место за престој - јавно ја покажува ограниченоста на американската власт во целиот свет.
Целиот понеделник чиновниците во САД се обидуваа да се договорат со Русија околу Сноуден, но без резултати, се кажува во статијата.
The Los Angeles Times пишува дека ситуацијата со компјутерскиот инженер ги заладила односите на САД со Русија и Кина. Според мислењето на авторот, последните случки ги покажале границите на влијание на Вашингтон во светот.
Освен тоа, весникот забележува дека ситуацијата со Сноуден ги прикажа Wikileaks во ново светло, бидејќи тој ресурс му даде на програмерот правна и дипломатска помош.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче