Кината во Москва ќе ги прикажат најдобрите претстави од Метрополитен-операта

Русите ќе можат да ги видат оперите „Трубадур“ од Верди, „Кармен“ од Бизе, „Севилскиот бербер“ и „Армида“ од Росини, како и „Турандот“ од Пучини.

Од 2 јули до 21 септември на платната на кината во Москва и Санкт Петербург ќе бидат прикажани најдобрите претстави на Метрополитен-операта (Њујорк). Приказите ќе се изведат во рамките на проектот "The Met: Летна сезона 2013".

Ќе бидат прикажани шесте најпопуларни опери кои се прикажувале на киноплатната во светот сиве овие сезони. Пет од нив руските љубители на операта ќе ги видат за прв пат, бидејќи минатата година проектот Met во Русија веќе имаше прикази.

Русите ќе можат да ги видат оперите „Трубадур“ од Верди, „Кармен“ од Бизе, „Севилскиот бербер“ и „Армида“ од Росини, како и „Турандот“ од Пучини.

Овие опери граѓаните на Москва и Санкт Петербург ќе можат да ги гледаат по саботите и вторниците до 21 септември.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.