Големата демонстрација на руски хеликоптери и авиони стана главна атракција за време на одржувањето на авиосаемот во Ле Бурже. Русија ги покажа на саемот авионите Су-35С, кој леташе пред посетителите на саемот, Јак-130, хеликоптерот Ка-52 „Алигатор“, како и Ан-70. Освен овие парчиња воена техника, претставен е и цивилниот авион „Сухој Суперџет 100“ и хеликоптерот Ка-62.
Како што соопшти за РИА Новости висок извор во руската делегација, за разлика од цивилните договори, воени договори не биле склучувани. „Сепак, планската работа за промовирање на руската авијација на меѓународниот пазар продолжува. Се водат преговори кои можат да резултираат со потпишување договори кон крајот на годинава.“.
Во првиот ден од работата на авиосаемот, на официјална прес-коференција членовите на руската делегација соопштија за склучувањето на договор со САД за испорака на 30 хеликоптери Ми-17Б5 за 500 милиони долари (наменети за авганистанската армија).
Освен тоа, членовите на руската делегација соопштија дека во рамките на склучениот договор со Ирак во 2012 година за сума од 4,3 милијарди долари, склучен е првиот договор со Ирак за испорака на хеликоптерите Ми-28 „Ноќен ловец“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче